Корисни информации
Услуги
АНИМАЛ МЕДИКА е основана 28 април 2009 година. Од типот на здравствена установа е ветеринарна амбуланта. Ги нуди следните услуги:
(Надвор од работното време, за празници и во Недела цената на услугите се зголемува за 100%)
Ултразвучни прегледи
Во амбулантата вршиме ехо преглед на абдоминалните органи, дијагностика на гравидитет, како и ехокардиографски прегледи со современ ехо апарат.
Ултразвучниот или ехо прегледот е дијагностичка техника слична со радиографијата (рентгенот) и обично се користи заедно со радиографијата, како и во комбинација со другите дијагностички мерки. Ултразвукот овозможува визуализација на подлабоките структури на животинското тело, како што се црниот дроб, слезената, бубрезите, мускулите, тетивите, срцето итн.
Постапката е безбедна и удобна за вашиот миленик и може да овозможи важни информации во дијагностиката на посложените случаи. Така ултразвучниот преглед овозможува точна и брза дијагноза за вашиот миленик.
Во АНИМАЛ МЕДИКА со ултразвучниот преглед ја испитуваме градбата и функционалноста на градните и стомачните органи, на очите и орбитата, па дури и на мозочните структури. Исто така дијагностицираме бременост и го следиме текот на бременоста. Со ултразвукот може да откриеме присуство на тумори, цисти или абсцеси.
Дијагностички прегледи и лекување
Редовен преглед на здраво и болно животно – задолжително се мери телесната температура, се прегледува состојбата на белите дробови, видливите слузници и кожата.
Вонреден преглед на болно животно – зависно од локализацијата и сомнежот на локализацијата на болниот процес се применуваат различни методи и тестови:
- Отоскопски преглед – преглед и лекување на надворешниот слушен канал и на слушното тапанче. Преглед на ушката. Земање брис од ушниот канал и испитување на шуга.
- Земање крв за анализа – испитување на крвна слика и биохемиски параметри на крвниот серум.
- Микроскопски преглед на брис земен од различни делови од телото на животното.
- Паразитолошки преглед
- Патохистолошки преглед (тумори)
Специјалистички прегледи
- Офталмолошки преглед– преглед и лекување на болести на очите, како и оперативни и реконструктивни офталмолошки зафати.
- Неуролошки преглед – дијагностика на невролошки пореметувања при болести и трауми и нивно лекување.
- Кардиолошки преглед – преглед на здравствената состојба, дијагностика и лекување на болестите на срцето на вашите миленици.
Чистење од паразити
Прочистување од надворешни и внатрешни паразити. Повеќе информации...
Вакцинација
Постојат бројни болести кои можат да го нарушат здравјето на домашните миленици (во прв ред кучињата и мачките), но некои од нив можат да бидат и смртоносни. Тука спаѓаат: Чума – штенечак, парвовироза, инфективен хепатитис кај кучињата и панлеукопенија кај мачките. Овде може да се вброи и Беснилото кое, покрај за кучињата и мачките опасно е и по животот на луѓето. За заштита од ваквите болести се врши вакцинација.
Вакцинацијата се спроведува по одредена шема. Повеќе информации...
Стоматологија
Болестите на устата се чест здравствен проблем кој се јавува кај 75% од кучињата и мачките на возраст над три години. Ако се остават без лекување болестите на устата може да доведат до лош здив, болка, трулење и губење на забите, метаболични болести (проблеми со бубрезите и црниот дроб) до оштетување на срцето и неговите структури.
Здравите заби можат да го подобрат здравјето и да го продолжат животот на вашето милениче.
Најчести знаци на болестите на устата:
- Лош здив
- Забен камен (жолто-кафени наслаги на забите)
- Отежнато земање храна
- Губење апетит
- Зголемено лигавење
- Губење на забите
- Воспаление на непцата (гингивитис – црвени, отечени или крвави непца)
Ако вашето милениче ги пројавува споменатите симптоми, јавете се да ви дадеме повеќе информации за решавањето на вашиот проблем.
Хируршки интервенции
АНИМАЛ МЕДИКА располага со тим на хирурзи кои можат да ги изведат повеќето од хируршките операции кај кучињата, мачките, зајаците и другите мали животни, птици и рептили.
Со цел да се увериме дека животните се спремни за операција, потребно е сите миленици да се прегледаат од еден од нашите ветеринари пред самата операција. Тука се вклучени ехо прегледот на срцето и стомачните органи, ЕКГ, крвната анализа на црниот дроб и бубрезите и други испитувања.
АНИМАЛ МЕДИКА е опремена со модерна опрема која ни овозможува да изведуваме напредни хируршки процедури, вклучувајќи спинална, градна и абдоминална хирургија, ортопедија и офталмолошки хируршки зафати.
Хигиената на просторот и техниките на стерилизација на оперативното поле се во тек со модерната пракса и се составени така да го намалат ризикот на постхируршките инфекции.
Користејќи модерни протоколи за анестезија и модерна опрема за следење на пациентите за време на операција, АНИМАЛ МЕДИКА успева да постигне висок степен на сигурност во хируршките процедури. Во прилог на ова, секој пациент се приклучува на монитор за следење на функцијата на срцето за време на оперативниот зафат.
Хируршки услуги кои ги нудиме:
- Овариохистерактомија (Кастрација на женски животни)
- Орхидектомија (Кастрација на машки животни)
- Офталмолошка хирургија
- Хирургија на меки ткива
- Ортопедија
- Неврохирургија
- Хирургија на граден кош
24 часа Итна* Служба на повик
АНИМАЛ МЕДИКА нуди 24 часовна итна помош за вашите миленици со најразлични постапки за враќање и ордржување во живот вклучувајќи кардио-пулмонално оживување, итни операции и лечење на трауми.
365 дена годишно на располагање има лиценциран ветринар кој се грижи за здравјето на вашите миленици.
* Итни случаи:
- Акутни труења;
- акутен срцев напад;
- тешки болни состојби пратени со висока температура, повраќање и пролив;
- влошување на веќе постоечка хронична болест и во сите други случаи каде сериозно е нарушена свеста и здравјето на животното.
Домашни посети
Покрај наведените услуги АНИМАЛ МЕДИКА опслужува и домашни посети до Вашиот дом 24 часа, ако од било која причина не можете да го донесете вашето милениче во амбулантата. Домашната посета дополнително се наплаќа во висина од 200 ден по повик во одалеченост од 4 километри од амбулантата. Во Скопје над оваа одалеченост, цената за домашна посета е 300 денари. Надвор од општината Скопје цената е 8 денари од километар.
Храна и опрема
Најразлична опрема ( додатоци): шампони, различни четки за тимарење, играчки и слично од програмата на TRIXIE.
Квалитетна храна од производителите ROYAL CANIN, NUTRAM и FARMINA.






