Пријави се за новости





Онлајн совети

Корисни информации

Партнери

Персонал на амбулантата


ДВМ. Дамјан ПавловскиДамјан Павловски, ДВМ се запиша на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје во 1996 година. За време на студиите имаше можност да посетува ветеринарна пракса од областа на домашните миленици не само во Македонија, туку и во околните држави (Србија, Хрватска), па дури во Чешка (Прага) каде имаше можност да се запознае со еден попрофесионален начин на пристап и работа во ветерината пракса.

Дипломираше во 2005 година. По дипломирањето работеше во неколку ветеринарни амбуланти и клиники каде стекна знаење од областа во ветеринарната медицина за домашните миленици.

Моментално е на постдипломски - специјалистички студии на Ветеринарниот факултет во Загреб, Р. Хрватска по предметот Хирургија, Ортопедија и Офталмологија со субспецијалност Офталмологија и Неврологија со Неврохирургија. Исто така во Загреб посетува курс за електрокардиографија (ЕКГ),ехокардиографија и ехографија на абдоминалните органи.


ДВМ. Пацка БошковскаМила Никуљска, ДВМ дипломираше на Ветеринарниот факултет при Тракијскиот Униварзитет во Стара Загора, Р. Бугарија во 2010г.

За време на студиите имала можност да се стекне со практично искуство преку работа во клиниката при факултетот. По завршувањето волонтирала во неколку ветеринарни амбуланти во Скопје. Во моментот волонтира и во Зоолошката градина во Скопје.