Корисни информации
За АНИМАЛ МЕДИКА
Нашата приказна, нашата мисија, нашата вредност
Желбата да се овозможи професионален пристап и здравје за домашните миленици ја создаде идејата за АНИМАЛ МЕДИКА.
За да се реализира таа идеја беше вложен голем напор и многу труд и тоа почнувајќи од самото знаење кое требаше да се генерира со неколку годишното искуство, до наоѓање соодветен простор и негово уредување. Сето ова немаше да успее без големата љубов кон животните која ја имаме и се разбира од подршката од најблиските.
...Почетокот е означен.
Сега сме во потрага по надградба на веќе стекнатото знаење и по современа опрема која ке ни овозможи професионален пристап, точна дијагноза, како и лекување во спроведувањето на здравјето на Вашите миленици.
Бидејќи животните не можат да ни кажат каде и како ги боли, ветеринарите често се потпираат на напредната дијагностичка и специјалистичка тимска работа за да ја одредат точната дијагноза и начинот на лекување.






